Актерката Меган Фокс го привлече вниманието со својот аутфит на забавата организирана по Суперболот.
Имено, 37-годишната актерка на забавата влегла во мал корсет, гаќички и каубојски чизми. Таа на својот Инстаграм објави серија фотографии на кои ја покажа оваа смела облека. „Мајка“, накратко ставила во описот, а нејзиното објавување предизвика лавина негативни коментари.
„Се уништи“, „Изгледаш толку евтино“, „Кога ќе почне „мајка“ на OnlyFans“, „Добро ли ти оди?“, „Да, мајка која не е старател“, „Почни да се облекуваш нормално. Не си порно ѕвезда“, „Зошто се облекуваш како Машинган Кели?“, беа само дел од коментарите на фановите.
Се чини дека актерката прилично го променила стилот на облекување по разводот со Брајан Остин Грин и започнувањето на врска со контроверзниот рапер Машин Ган Кели во 2020 година, иако многу нејзини обожаватели сметаат дека тој има лошо влијание врз неа и таа никогаш не изгледала понесреќно.