Според пишувањето на странските медиуми, Меган Маркл и принцот Хари планираат да купат вила од 12 милиони долари во Калифорнија.
Сегашниот сопственик на вилата е холивудската ѕвезда Мел Гибсон!. Тој оваа вила ја купил во 2008. година од ѕвездата на The X-Files, Дејвид Духовни.
-Потпишан е договорот во тајност. Морам да ви кажам дека сте на добар траг- им рекла агентката за недвижнини, Андреа Пилот на новинарите на британски “Сан“.
Инаку, луксузната вила неодамна е реновирана и има пет спални соби, приватна теретана, два базени, а целиот имот се протега на површина 20.000 квадратни метри.