Во неделата, во Сплит куче од расата американски стафорд ја нападнал сопругата на хрватскиот музичар Златан Стипишиќ Џибони (52), Сања, која го шетала нивното куче, кое, за жал загинало.
Имено, Сања го шетала своето куче кога на неа се залетал стафорд кој се движел слободно. Сопругата на Џибони се обидела да му помогне на своето куче и да го спаси, но стафордот ја нападнал и неа. Малото кученце итно било однесено во ветеринарна амбуланта, каде што, за жал, починало.
Според описот што во полицијата го дала Сања, кучето го шетала жена стара 40-тина години, со слаба градба на телото, со неуредна кафена коса и го викала Кан.
Полицијата веднаш утредента дошла до 37-годишната сопственичка на кучето Ивана П. Против неа е поднесена прекршочна постапка, а за целиот случај ќе биде известена и ветеринарната инспекција.