Меган Маркл планира да ги открие сите „трачеви“ на кралското семејство во новата сезона на шоуто на Опра Винфри, но војвотката бара еден милион фунти за информациите да ги сподели со светот.
Извори за весникот „Мирор“ изјавиле дека на Меган и биле понудени огромни пари за да пред камерите открие што се случувало на кралскиот двор пред напуштањето на постарите членови на семејството и по нивното заминување.
Според аналитичарите, интервјуто со Маркл би било пандан на познатото интервју за новинари со принцезата Дајана во 1995. година, во кое зборувала за неуспешниот брак.
Изворите тврдат дека водителката Опра Винфри е првот избор за големото интервју, но дека на војвотката ѝ се понудени интервјуа и со други познати водители, но дека сè уште траат преговорите за сумата пари.
Интервјуто ќе се случи откако ќе заврши карантинот поради коронавирусот затоа што Меган планира да ја врати довербата во луѓето по нападот на британските медиуми.
Британските медиуми пишуваат дека ова е најисчекуваното интервју во новата телевизиска историја.