Премиерката на Финска, Сана Марин (34), во неделата објави дека се омажи за својот партнер со кого е во врска 16 години, по осум месеци откако ја презеде функцијата премиер.
Венчавката се одржа во официјалната резиденција на Марин во Хелсинки, а присуствуваа само 40-ина гости, главно роднини и најблиски пријатели.
„Среќна сум и благодарна што можам да го делам животот со човекот кој го сакам. Заедно видовме и искусивме доволно, делевме радосни и тажни моменти и се поддржувавме и во добро и во лошо. Заедно ја поминавме младоста и заедно созревавме“, напиша Марин на Инстаграм.
Инаку, Марин го запознала Раиконен кога имале по18 години и ја имаат двогодишната ќерка Ема.