Повеќе од една година Ангела Левин поминала заедно со принцот Хари и добро го запознала. Левин која е авторка на биографијата за принцот Хари, за еден британски магазин изјави дека во 2017 година тој бил харизматичен, интуитивен, но и безгрижен и запаѓал во неволји. Тој исти така ѝ објаснил на Меган во што се впушта ако се омажи за него.
Ангела тврди дека како што поминувало времето, однесувањето на Меган станувало се понасочено кон нејзините размислувања. Особено преселувањето во Канада, и улогата на гласот на Меган во новиот Дизни документарен филм, се само доказ дека „нивниот избор на приоритети повеќе личи на разгалени тинејџери отколку на возрасни во своите средни и одминати триесетти“.
– Уверена сум дека Хари внатрешно се нервира зошто ја напушта неговата фамилија, неговата земја и неговите врски со војната- тврди новинарката.
Инаку, Ангела Левин е искусна новинарка за кралски афери, која во 2018-та ја објави книгата “Хари: Биографија за еден принц“, која се базира на нејзините ексклузивни разговори со сега 35-годишниот Хари, направени пред неговиот брак.
i