Фронтменот на “Нокаут“ Никола Перевски Пере по трет пат стана татко.
Веста ја сподели неговиот брат, кој соопшти дека Пере и Јована ја добиле малата Софиа Перевска.
-Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3-та ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка!
Јас пак по трет пат сум горд чичко!
А светот? Светот ја доби Софиа Перевска!
Со љубов против сите зла“.
Инаку, Пере и неговата сопруга Јована веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13).