Канадскиот тенисер со црногорско потекло Милош Раониќ очигледно доста се опуштил за време на карантинот и може да се забележи дека има значителен вишок на килограми во споредба со тоа кога е во оптимална форма.
Една објава на аргентинскиот тенисер Диего Шварцман наиде на голем потсмев на социјалните мрежи.
Имено, Аргентинецот објави заедничка фотографија со Канаѓанецот со црногорско потекло, а убедливо победник на денот беше контроверзниот италијански тенисер, Фабио Фоњини, кој му напиша дека личи на слон.
“Слон“- напиша Фоњини.