Паула Манзанал, атрактивната убавица која во 2014 година ја понела титулата Мис Перу, доживеала непријатна ситуација на одмор во Бали.
Паула, која инаку се занимава со недвижнини, отпатувала на одмор за својот 29-ти роденден. На Инстаграм ја следат над два милиони следбеници, па не е ниту чудно што видеото со мајмунот станало вирално.
Паула покажала како мајмунот реагирал на нејзините бујни гради. Тој сакал да ѝ ја спушти маицата која ја носела и да погледне во нејзиното деколте. Кога Паула му ставила до знаење дека не може да гo гледа деколтето и ја задржала маицата за да не се види тоа што не треба, мајмунот имал прилично агресивна реакција.
На видеото се гледа како мајмунот ја удира мисицата по нос, по што снимањето е прекинато.
Инаку, мајмуните на Бали се познати како „мајмунски мафии“, а станува збор за група која сака да краде од туристите. На овој остров се наоѓаат над 6.000 хиндуистички храмови, а најпознат е Улувату токму поради овие животни.
https://twitter.com/i/status/1592704316099682305