Предбрачниот договор можеби не е најромантичната работа за која треба да се разговара пред да се венчате со љубовта на вашиот живот, но за холивудските ѕвезди Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, тоа беше задолжително.
Актерското дуо започна да се забавува во 1999 година, а се венчаа во ноември 2000 година.
Според „The Guardian“, процесот на креирање на нов договор не бил сосема лесен. Било објавено дека ѕвездата од „Чикаго“ сакала повеќе од три милиони евра за секоја година брак, плус свој дом. Даглас, наводно, се повлекол, но на крајот дошле до договор кој гарантирал дека Зета-Џонс е добро заштитена доколку некогаш се разведат.
Ако Мајкл ја изневерил, таа би добила 5 милиони долари, покрај дополнителни 2,8 милиони долари за секоја година од бракот. Тоа е прилично сума, дури и за еден холивудски магнат кој има околу 350 милиони долари на своето име, според Celebrity Net Worth.
Иако Кетрин во текот на бракот го направи своето богатство, таа верува дека потпишувањето на предбрачниот договор било фер.
– Мислам дека предбрачните договори се одлични. Да се омажев за некој посиромашен, кој беше 25 години помлад, ќе го направев токму истото. Јас сум многу среќна. Имам мои пари. Јас сум самодоволна и мислам дека тоа е добро за нашата врска. Никогаш не сум добила ниту цент од ниту еден маж и многу сум горда на тоа – изјавила Кетрин.
Кетрин и Мајкл се во брак 24 години, што значи дека доколку актерката сега се разведе, би добила отштета од 67,2 милиони долари, пренесува „NickiSwift“.