Поранешната порно глумица Џена Џејмсон откри дека боледува од Гилејн-Баре синдромот, ретко невролошко нарушување кое предизвикува имунолошкиот систем да ги оштети сопствените нервни клетки.
Нејзиниот партнер Лиор Битон објави на Инстаграм дека поранешната порно ѕвезда е во болница во лоша состојба, не може ниту да оди. Откриено е и дека тоа не е реакција на вакцината бидејќи Џејмсон не била вакцинирана.
„Еј луѓе, најпрво сакам да ви се заблагодарам на сите за љубовта и поддршката што ми ја испративте во пораките. Ве видов сите и го ценам тоа. Лекарите се сомневаат дека се работи за Гилен-Баре синдром и почнале со IVIG терапија .Моментално сум во болница и ќе останам таму додека не заврши терапијата.Се надевам наскоро ќе си одам дома.П.С.Не сум вакцинирана против корона или нешто друго.Ова НЕ е реакција на вакцината.Ви благодарам за грижата “, напишала поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни на својот Инстаграм во описот на фотографијата од болницата.
По таа објава, нејзиниот партнер го презеде управувањето со нејзиниот профил и откри дека нејзината состојба се влошила откако си заминала дома.
“Таа дојде дома и не можеше да оди. Мускулите на нозете и беа многу слаби, така што не можеше да оди до бањата. Падна на подот, па морав да ја земам и да ја однесам во кревет. А потоа за два дена и се влоши, нозете и откажаа и повеќе не можеше да оди“, открива Битон.
Џена била вратена во болница каде и била направена магнетна резонанца.
Џена Џејмсон била една од најголемите ѕвезди во порно индустријата, а во 1993 година почнала да снима филмови за возрасни, како што рече, поради одмазда за неверството на нејзиното тогашно момче, мајсторот за тетоважи, Џек.
Таа во својата книга открила дека на 16-годишна возраст била жртва на групно силување, а на истата возраст наводно била силувана од вујкото на Џек, кој тоа го негирал. Таа била зависна од опијати, пред се ЛСД, кокаин и метамфетамин.
Двапати се омажила, првиот пат со колегата и сопственик на порно компанијата Бред Армстронг, со кого била во брак 10 недели, а вториот пат со сопственикот на порно студио Џеј Грдин. Со Грдин била во брак три години и во тој период открила дека боледува од рак на кожата кој го отстранила со операција. Таа потоа имала близнаци со борецот на УФЦ Тито Ортиз, со кого раскинала во 2013 година, а со сегашниот партнер Лиор Битон во 2017 година, ја добила ќерката Бател Лу.