Мајкл Даглс и Кетрин Зета Џонс беа облечени за да импресионираат на премиерата на „Човек мравка“ (Ant-Man And The Wasp: Quantumania) во Лондон во четвртокот вечерта.
Гламурозната актерка (53) ги воодушеви присутните во прекрасен фустан во пастелно сина боја кога се појави да го поддржи својот сопруг (78) за неговиот најнов филм, а Мајкл не можеше да го тргне погледот од неа.
Таблоидите го пофалија раскошниот моден избор на Кетрин, која му се придружи на сопругот за лондонската премиера на најновиот филм за Ентмен објавувајќи низа фотографии од двајцата на насловните страници.
Фустанот на Кетрин е долг до подот, со длабоко деколте и набран струк.
Мајкл и Кетрин, кои се во брак 22 години и имаат две деца, Керис (18) и Дилан (20), заедно одеа по виолетовиот тепих рака под рака.