Портпаролот на полицијата на Нов Јужен Велс потврди за Дејли Мејл дека инцидентот се случил.

– Група луѓе се расправале пред да дојде до физички конфликт – соопшти полицијата.

Портпаролот на компанијата „Вулворт“ го осуди насилството.

– Свесни сме за инцидентот што се случи во нашата продавница кон крајот на минатата недела. За вакво насилство нема место во нашата заедница. На членовите на тимот кои беа сведоци им нудиме пристап до советодавните служби и продолжуваме да ѝ помагаме на полицијата во нивните истраги – рече портпаролот.