Постои мото кое вели дека работата не го создава човекот, туку спротивно – дека човек ја прави работа.
Вистински пример за тоа е водителката на телевизиската мрежа НБЦ, Стефани Рух, која при анализирањето на бизнисот на Дизни го држеше нејзиниот син во скут и го чешкаше додека тој дремеше.
Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи, а следбениците биле воодушевени како водителката во исто време изведе сериозна анализа во живо и како секоја грижлива мајка го галеше синот.
-Ова е навистина слатко – гласи еден од коментарите на Твитер.
My new disney analyst…. pic.twitter.com/MM1Txz0N36
— Stephanie Ruhle (@SRuhle) May 18, 2020