Српскиот глумец Срѓан Жика Тодоровиќ објави три фотографии, а на првата седи на улица со капа пред него и гитара во рацете, а на „стрип-облачето“ пишува: „Дај некоја пара, бе брат“. Многумина следачи не беа изненадени бидејќи српскиот актер има силна музичка позадина. Оние малку повозрасните паметат дека свиреше на тапани во култната група ЕКВ.
„Уличен музичар“, стои во описот на фотографијата.
На втората фотографија во кадар се гледа нечија рака додека става 20 динари во качкетот, а во „облачето“ кое ги означува мислите на Жика пишува: „Ама се стиснал овој за 20 динари“