Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино Секондо, во вториот дел од големото интервју за порталот Магазин раскажува дека неколку години од својот живот семејството го поминало во Романија. Маја откри детали за убиството на Пино, а исто така и тоа дека осомничената Ангела Ѓорѓиевска давала дури 6 пати различен исказ во полиција.
Веднаш после исчезнувањето на Пино, во полиција ве пријави осомничената Ангела Ѓоргиевска?
Веднаш од кога исчезна моето синче Пино, мене Ангела ме пријави во полиција, за да не можам јас повеќе ни да и се јавувам, ни да ја прашувам во врска со Пино. После третиот ден од кога исчезна мојот син, таа ме пријави без никаков морал и трошка срам, раскажува Маја Трпковска. Таа исто така бараше од мене, јас јавно да и се извинам. Зборував со инспекторите во полиција, таа веќе има признаено дека учествувала во организацијата на убиството, но изјавила дека таа не пукала во Пино. Цело време ја лажеше полицијата, а и целото семејство на Пино. Имам пораки на месинџер каде што пишувала со другарите од Пино, каде што вели дека таа доброволно отишла на полиграф, а тоа секако дека не е вистина.
Велите дека ја раскажала целата вистина на полицијата, дали има сведоци за убиството?
Ангела се признала во полицијата, исто така и местото каде што е убиен. Таа признала дека Али Фуркан пукал и дека ова го направила од одмазда. Да го убиеја и да го оставеа на лице место ќе го најдевме одма неговото тело, а не да закопам само четири коски, раскажува Маја.
Повеќе од потресното сведоштво на мајката на Пино прочитајте ТУКА.