Кога ќе ја погледнеме идната кралица на Британија со сета нејзина софистицираност и стил кои не можат да останат незабележани, не можеме, а да не размислиме од кого тоа го наследила. Ако ја погледнете мајката на Кејт Мидлтон – Керол, сè ќе ви биде јасно.
Таа денеска наполни 70 години и сè уште може да им парира на своите ќерки Кејт (43) и Пипа (41) во младешниот изглед. Керол очигледно е свесна за својата младешка кожа и витката линија, па папараците често ја фотографираат во бикини на плажа. За Керол може да се каже дека е основач на препознатливиот стил на жените од семејството Мидлтон. Секогаш елегантна, а сепак едноставна, Керол носи само фустани, а Кејт ја следи својата „навика“.
„Горниот дел од телото сега ми е поголем отколку порано, така што фустаните ми стојат многу подобро. Исто така, не сакам тесна облека. Една од причините поради која не уживам во шопинг е тоа што нема доволно избор за жените моите години“, признала таа во една прилика, па истакнала дека во 2012 година нејзиниот исклучителен вкус за мода го привлекол дури и славниот Карл Лагерфелд.
„Таа е секси! Таа има многу живот во себе. За жена која има околу 50 години, мислам дека е фантастична – полна со енергија“, рекол Карл тогаш.
Надалеку е познато дека Керол многу внимава на исхраната, а дека се грижи за својот изглед и здравје говори и фактот што во 2011 година, во пресрет на свадбата на својата ќерка Кејт, таа се подложи на т.н. дукан диета, која се заснова на висок внес на протеини и ниска содржина на јаглехидрати. Повеќе од една деценија подоцна, Керол сè уште е на специјални режими на исхрана.
Освен тоа што е посветена на здравата исхрана, Керол е посветена и на негата на кожата, па редовно може да се види кај познатата козметичарка Линда Мередит, која ја посетуваат многу холивудски личности како Викторија Бекам, Гвинет Палтроу, Кејт Мос и Џулија Робертс. Еден од задолжителните третмани на нејзината листа е таканаречениот „red carpet facial“, во кој главната улога ја играат алгите и кислородната терапија за подмладување на кожата, а кој чини луксузни 150 фунти (околу 180 евра). На листата е и „потемнувањето со спреј“ кој е одговорен за нејзината исончана нијанса на кожа во текот на целата година.
Керол особено се грижи за својата коса, во луксузниот лондонски салон „Ричард Вард“ во Челзи, истиот салон во кој Кејт ја среди косата за кралската венчавка. Таа редовно ја бојадисува косата за да ја покрие седата коса и троши дури 400 фунти (околу 500 евра) за ваков вид нега. Покрај исхраната и негата на кожата и косата, Керол е посветена и на физичката активност, од која најмногу го сака тенисот, кој го практикува во својот дом во дворот на замок во Беркшир, кој се проценува на 5,5 милиони фунти (над 6,5 милиони евра).
Освен тенис, сака и пливање, бидејќи тоа ѝ ги зајакнува стомачните мускули и брзо согорува калории, а често оди на планинарење и долги прошетки во природа.