Мајката на две деца, Аби Ли инстинктивно реагирала кога го видела своето седуммесечно бебе како се дави во базен во дворот.
Цело време ја гледав. Падна со неверојатна брзина”, рекла мајката и додала дека детето само што почнало да лази.
Снимката од надзорните камери е веќе прегледана 3,5 милиони пати на Тик-Ток за помалку од три дена.
Сепак, мајката го објави видеото на социјалните мрежи, за да бидат предупредени другите родители, колку малку е потребно за да се случи злото.
Како што можете да видите на видеото, Аби трча до малото девојче Попи, го зема, ја врти и плеска по грбот за да ја извади водата.
“Тешко е и се чувствувам виновна, но ние сме сами. Не станува збор за вина. Ова е лекција и за нивниот татко и за мене”, рекла Аби, пренесува Kidspot.
Таа додаде дека нема потреба да се суди.
„Само ве предупредувам“.
Објаснила и дека чувствувала паника, но дека се трудела да остане смирена заради детето.
Како што опишува, базенот бил поставен претходниот ден. Инцидентот се случил пред родителите да го испразнат.
Вознемирувачкото видео можете да го погледнете со кликнување ТУКА.