Рускиот платеник и милијардер Евгениј Пригожин, наводно, пред вооружениот бунт против режимот на претседателот Владимир Путин, имал таен харем во Санкт Петербург, тврди британскиот таблоид Дејли Мејл, повикувајќи се на рускиот весник „Инсајдер“.
„Газдата на паравојската Вагнер сака помлади девојки, девици“, пишува рускиот весник „Инсајдер“.
Жена која „ја продала својата невиност на милијардерот Пригожин кога имала 18 години“ – и сега жали за одлуката – изјавила дека шефот на приватната армија Вагнер „верува дека сексот со девици му ја продолжува младоста“.
Руски инсајдер тврди дека 62 годишниот Пригожин имал харем од девојки на возраст од само 18 години во хотелот Соло Сокос во Санкт Петербург.
„Пред падот и прогонството во Белорусија, Пригожин имал ротирачки харем од многу млади, едвај 18-годишни девојки во изнајмени соби во хотелот Соло Сокос во Санкт Петербург“, тврди Инсајдер, цитирајќи претставничка на сексуалните работнички.
– Како од нив да добива набој за виталност – се наведува во изјавата на преставничката на младите девојки од харемот.
Една од девојките во харемот , тинејџерката Маша за рускиот инсајдер опишала како ја изгубила невиноста со шефот Вагнер во 2019 година кога имала само 18 години и живеела во неговиот роден Санкт Петербург.
– Бев длабоко депресивна. Во тоа време запознав друга девојка, на моја возраст, која беше исфрлена од дома и и требаа пари. Ме праша дали би сакала да ја продадам невиноста за 40.000 рубли (околу 620 долари во тоа време).
Тогаш Маша ја запознале со макрото на Пригожин, жена во 30-тите години со долга, темна коса. Тие се сретнале во кафуле на Невски проспект, главната авенија во Санкт Петербург, пишува Инсајдер.
– Таа рече дека морам да одам на клиника за да ја проверам невиноста. Ме испратија во клиниката Согаз, токму таму од другата страна на Невски Проспект. На приемот требаше само да ја кажеш шифрата – „женски спорт“ – рече Маша.
Тоа укажуваше дека се работи за „инспекција на хименот“ за Пригожин.
Откако била потврдена невиноста на Маша, таа била испратена, како што тврди таа, во хотелот Соло Сокос на островот Василиевски на западната страна од градот.
– Во целосен шок отидов во хотелската соба и го чекав. Почна да тропа на погрешна врата и мислеше дека не одговарам. Се налути – вели Маша.
Кога тој конечно пристигна, таа „седеше неподвижно на креветот“.
– Се беше многу брзо. Парите ги оставил на куп на столот, раскажала Маша.
Тој, исто така, и рекол дека требало да биде многу пољубезна и се пожалил на нејзиниот „налутен израз“, додека имал секс со неа.
– Дури и со мојата луда личност, продажбата на мојата невиност на Пригожин беше малку претерано – рекла со каење младата Маша .
Инсајдерот изјавил дека Пригожин ги нарекол девиците „шампон“, по шишињата за еднократна употреба во хотелските бањи.