На бензинска пумпа во Белград убиен е Ранко Радошевиќ (54), викан „Ескобар“ кој се занимавал со шверц на кокаин и сканк, но и со продажба на блиндирани возила. Две маскирани лица влегле во кафулето на пумпата, а едното испукало неколку куршуми во правец на Ескобар кој починал на самото место.
Осомничените побегнале, а возилото го запалиле. Колата била пронадјена како гори од полицијата во местото Раковица, дознава српски Телеграф.
„Две непознати лица упаднале во бензиска пумпа, односно во кафулето, при што едното испукало неколку истрели во правец на жртвата“, изјави еден од очевидците.
Ескобар бил во контакт со Вељко Беливук и Марко Милковиќ. Кај нив е пронајден блиндиран автомобил регистриран на негово име. Тој наводно бил член на бежанскиот клан на Горан Мијатовиќ. Мијатовиќ беше убиен во Белград.
Кој е Ранко Ескобар?
Како што претходно пишуваа медиумите, Ранко Ескобар стана препознатлив во подземјето по трговијата со блиндирани автомобили. Токму едно такво возило е пронајдено во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук, кому му се суди за седум ликвидации и други тешки кривични дела.