Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа е пронајден мртов во Израел, јавуваат српските медиуми. Имаше 36 години.
Инаку, Милан Лаќа Радуловиќ тргна по стапките на својата мајка Марина, па и самиот напиша текстови за многу локални пејачи. Отворено зборуваше за животот на своето семејство, како и за проблемите низ кои поминал додека се борел со зависноста.
Во последните изјави тој зборуваше за болката што ја чувствува поради смртта на неговата мајка.
„Мајка ми почина, а Марина Туцаковиќ умре за другите. Не знам каква празнина чувствува српската естрада по една година, но знам како се чувствувам кога гледам што се случува. Што се однесува до музиката, нема инвентивност , ништо поразлично во последните две години“, изјави неодамна тој.
„Чувствувам празнина. Се помирив да ја немам, но се прашувам што би правел без неа. Кога ќе ја изгубиш мајка ти, исто како да си ги изгубил двете раце, можеби и нозете, иако мислам дека сè уште ги имам. Бев многу приврзан за мајка ми. Една година подоцна се чувствувам полесен, посвесен и ударите се потапи, но всушност сум подобар само кога ќе исчезнам и ќе отпатувам некаде“, призна тој.
Марина Туцаковиќ почина во септември минатата година. Еден од најпознатите музички автори во регионот почина по тешко боледување на 68-годишна возраст.