Полицијата во Велс објави снимка од масовна тепачка на погреб во која биле користени мачети, секири, цигли, безбол палки и чекани. Девет лица кои присуствуваа на погребот беа уапсени минатиот месец, шест месеци откако расправијата меѓу две групи роднини стана насилна пред крематориумот Мористон во Свонси.
На снимката се гледа разбеснета толпа која трча низ гробиштата со оружје, додека возилата брзаат меѓу надгробните споменици. Во еден дел, Џејмс Кофи, кој беше затворен на две години и три месеци за претходна тепачка, ја проверува главата дали има рани додека крвта му тече по вратот.
Во друг тензичен момент возило кое се движи со брзина од 30 километри на час за влакно промашува инвалид во инвалидска количка и лицето кое го турка додека одат покрај гробовите.
„Мислам дека луѓето беа шокирани од овој инцидент – неговиот обем, степенот на насилство, локацијата и непочитувањето што го покажаа еден кон друг. Имајќи го предвид видот на оружјето што се користеше и начинот на кој возилата беа возени околу гробиштата, среќа е што никој не е убиен, изјави за Велс онлајн инспекторот Карл Прајс, кој беше задолжен за истрагата.
Полицијата ги пребарала болниците во југозападен Велс по судирите, бидејќи знаела дека инволвираните лица биле сериозно повредени. Камерите фатија неколку од осомничените како се обидуваат да го отстранат оружјето фрлајќи го во поток на работ од блиската фарма.
Судот подоцна слушнал дека тепачката била предизвикана од тековната расправија меѓу двете страни од фракциите на семејството – наречени фракциите О’Брајан и Кофи и фракцијата Марфи и Томас. Во тоа време се одржувале два други погреби – а ожалостените семејства беа зафатени во насилството.
Судијата Пол Томас КК рече: „Смртта на член на семејството е еден од најтрауматичните настани во животот на една личност. И погребот на таква сакана личност е свето време – време на голема свеченост, достоинство и неизмерна тага. Оваа трагична семејна прилика беше осквернавена од вашите две завојувани фракции