Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине се позитивни на КОВИД-19, објави Дејли Сабах.
И двајцата имаат благи симптоми, се вели на личниот Твитер профил на Ердоган.
Ердоган денеска требаше да присуствува на церемонија во северниот турски град Зонгулдак, но неговото присуство беше заменето со видеоконференција.
Според извештајот, двајцата се заразиле со варијантата „омикрон“ на коронавирус.