МАСКАТА ШТИТИ ДУРИ 99 ОТСТО: Наједноставен начин да се заштитите од короната

by Тони Зографски

Членот на Кризниот штаб  во битката со пандемијата од коронавирусот во Србија, епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по денешната седница на која е донесена одлука за задолжителна употребата на заштитната маска во Белград за сите кои престојуваат во затворен простор, зборуваше колкава е веројатноста да се „закачи“ коронавирусот.

Според Тепавчевиќ наједноставната работа за заштита кој може да го елиминира инфицирањето со коронавирусот е носењето на маската.

-Толку едноставна работа, а штити дури 99 одсто од опасниот коронавирус. Доколку едно лице носи маска, а другото не, веројатноста за да се инфицирате е пет одсто, но доколку и двете лица, едното кое е инфицирано од вирусот и лице кое е осетливо на заразат се заедно, веројатноста да се пренесе вирусот е помала од еден одсто – вели Тепавчевиќ која потенцира дека единствена и безбедна заштита да се спасиме од вирусот е маската.

-Тоа не мора да бидат хирушки маски, можат да бидат и памучни кои сами си ги шиеме а и било каква механичка заштита.

 

останати вести