Најмалку десет лица го загубија животот, а уште околу 25 се ранети по сериозен вооружен напад во североисточниот дел на Канада, во покраината Британска Колумбија, соопшти полицијата.Најтешката сцена била во средно училиште во градот Тамблер Риџ, каде биле пронајдени шест жртви.

Дополнително, уште две лица биле најдени мртви во приватен објект за кој се верува дека е поврзан со нападот, додека едно лице починало за време на транспорт до болница.Меѓу загинатите е и осомничениот напаѓач.
Полицијата наведува дека не постои опасност од нови напади и дека нема индиции за други вмешани лица. Првичното предупредување до граѓаните опишувало лице со кафеава коса облечено во фустан, по што истражителите идентификувале жена како главен осомничен.
Од Royal Canadian Mounted Police информираа дека мотивот сè уште не е утврден и дека се испитува односот меѓу напаѓачот и жртвите. Иако идентитетот е познат на властите, тој засега нема да биде јавно објавен.Информациите за настанот ги пренесе и Associated Press, додека истрагата продолжува во обид да се расветлат околностите што довеле до една од најтешките трагедии во регионот во последните години.
