Косово на врвот, Данска на дното: Каде во Европа најмногу и најмалку го поддржуваат Трамп

by Тони Зографски

Новите податоци од анкетата на Gallup International за нето-рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во Европа откриваат длабока поделба меѓу европските земји, со јасна разлика меѓу Истокот и Северот на континентот.

Според резултатите, најголема позитивна нето-поддршка за Трамп во Европа има во Косово (+27), по што следуваат Романија (+11) и Молдавија (+10), Македонија е исто така меѓу ретките земји со позитивен биланс, но со скромни +2 поени, што ја става меѓу малцинството европски држави каде што Трамп има повеќе поддржувачи отколку противници.


На спротивниот крај од табелата се наоѓаат скандинавските земји, каде што Трамп бележи убедливо најлоши резултати:

Данска: -84
Шведска: -80
Норвешка: -79

Овие бројки укажуваат на силно и широко распространето негативно мислење за поранешниот американски претседател во северна Европа.

Мапата објавена со анкетата покажува дека Источна и Југоисточна Европа се значително поповолно настроени кон Трамп, додека Западна и Северна Европа доминантно имаат негативен став. Аналитичарите ова го поврзуваат со различни перцепции за надворешната политика на САД, НАТО, Русија, како и со идеолошките разлики околу миграцијата, климата и либералните вредности.

останати вести