Војвотката Меган Маркл и принцот Хари во склоп на турнејата во Мароко ќе се сретнат со тамошниот крал Мухамед шести, но не и со неговата сопруга, принцезата Лала Салма од која последниве две години нема ни трага ни глас.
Последен пат Лала е видена во 2017 година кога со Мухамед го посетиле Рабат, и од тогаш ја снема од јавниот живот. Некои сметаат дека кралот и принцезата се развеле, и дека таа се крие негде во Мароко. Други се убедени дека е избегана со својата 11-годишна ќерка Лала Кадаја во Америка или во Грција.
Мароканската палата никогаш не ги потврди гласините за разводот, а и тамошните медиуми ја игнорираат таа тема.
Инаку, принцезата Лала Салма го запознала мароканскиот крал на една забава во 1999 година, а се венчаа неколку години подоцна. Лала слично како и Меган, беше активен борец за женските права во светот.