Марко Николиќ бил во грабнатиот авион во 1981  

by Тони Зографски

Вчера замина уште еден од великаните на поранешната југословенска кинематографија. Актерот Марко Николиќ, напознат по улогата на Гига Моравац од серијата „Подобар живот“ почина во болницата во населбата Звездара во 72-тата година од животот.

Интересна епизода од неговиот живот е грабнувањето на авионот на ЈАТ Боинг 727 на релацијата Титоград (денешна Подгорица) – Белград на 26 септември 1981 година. Актерот бил еден од 97 патници во авионот. Киднаперот Боривоје Јелиќ имал намера авионот да го пренасочи да слета во Јужноафриканската република. Планот не му успеал, иако авионот преку Грција, Израел, дошол и до Кипар, каде требало да достават гориво, кога еден од патниците подметнал оган и останатите, меѓу кои и актерот го совладале киднаперот. 33 години подоцна, Николиќ се сретнал киднаперот кој му побарал прошка. Како што изјави Николиќ, тоа му било најдолгото патување кога со купена карта во еден правец посетил три држави.

Интересно е што покрај Марко Николиќ во авионот биле и актерите Жарко Лаушевиќ и Миша Јанкетиќ, како и фудбалскиот тим на Будуќност од Подгорица.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com