Во петте сезони кои до сега ги имаше серијата, Преспав успеа да ги освои срцата не само на Македонците, туку го пронајде својот пат и кон публиката од целиот регион, со што стана нашата најуспешна серија досега снимена. Поради кризата во која се наоѓа нашата земја како и целиот свет фановите се прашуваа дали ќе можат да погледнат нови епизоди, односно дали ќе се сними уште една сезона од оваа комична серија.
Деновиве стигнуваат одлични вести за сите обожаватели на урнебесната комедија, „Преспав“ се враќа на ТВ екраните, но по се изгледа во малку поразличен концепт од досегашниот.
Имено на јутјуб веќе е објавен и трејлер со име „Кујната на Марио“, а според она што можеме да го видиме, ликот на Марио кој го игра неповторливиот Васил Зафирчев, овој пат ќе ги учи гледачите да готват, а на менито се 10 рецепти за превкусна храна со добро познати гости. Кулинарското шоу започнува од 29 април.