Марго Роби е едно од најголемите имиња во Холивуд денес, но кога била на почетокот на кариерата во Холивуд, ја одбила можноста да се појави во Плејбој, пренесува Lad Bible.
Имено, таа се прослави со хит филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година, „Волкот од Волстрит“, во кој ја играше втората сопруга на контроверзниот берзански брокер Џордан Белфорт, кого го игра Леонардо ди Каприо.
Улогата содржела бројни сцени на секс или алузии на секс, вклучително и една прилично гола сцена, и рече дека сцените го привлекле вниманието на починатиот основач на Плејбој, Хју Хефнер. Иако не го знаел нејзиното име, знаел дека ја сака во своето списание.
– Девојката која ја игра сопругата на Џордан Белфорт во „Волкот од Волстрит“ е многу, многу убава – изјави Хефнер за US Weekly уште во 2013 година, додавајќи дека „треба да биде во Плејбој“.
– Испрати ѝ порака! Ние сме подготвени за неа. Би била супер – нагласил тој.
Роби за новозеландското радио The Edge изјавила дека „нејзиното семејство доволно страдало поради неа“.
Таа признала дека прифаќајќи ја улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ се плашела од сексуализираните сцени кои се овековечени на Интернет.
Меѓутоа, кога режисерот Скорсезе предложил да ги намали работите за нејзина удобност, таа донела храбра одлука да го одбие за да го зачува интегритетот на филмот.
– Целата поента на ликот на Наоми е дека нејзиното тело е единствената форма на валута на овој свет – тврди популарната актерка.
– Така, кога Скорсезе се обиде да ми помогне велејќи ми дека во сцената каде што го заведувам Џордан, евентуално би можела да носам наметка, реков дека нема – раскажала Роби и нагласила дека „Наоми мора да биде гола бидејќи става сè што има на масата“.
Размислувајќи за снимањето на незаборавната сцена на заведување во филмот, таа во едно интервју во 2018 година изјавила:
– Не можете да го видите кога го гледате филмот, но во реалноста ние сме во мала спална соба, набиени со 30 членови на екипата – откри таа.
– Сите мажи. И 17 часа се преправам дека се допирам. Тоа е многу чудно и непријатно и морате навистина длабоко да ги закопате незгодноста и апсурдноста и целосно да се посветите – заклучила таа.