Мараја Кери имаше специјален празничен концерт во „Медисон Сквер Гарден“.
52-годишната пејачка изведуваше повеќе свои хитови и божиќни песни, а за една изведба имаше слатка придружба.
Музичката ѕвезда за прв пат во дует настапи заедно со 11-годишната ќерка Монро. Тие заедно ја испеаја „Away in a Manger“.
Славните мајка и ќерка беа облечени во складни бели креации .