Станарки на зграда во општина Кисела Вода се жалат дека се жртви на лице кое сексуално ги вознемирувал и се самозадоволувал пред нив.
Станарите го пријавиле случајот во полиција и ги доставиле снимките од безбедносната камера, објави „Сител“.
Лицето сѐ уште не е пронајдено, ниту уапсено.
За ова дело се предвидува парична или казна затвор од една година, објави Сител.