Познатиот бренд за накит „Swarovski“ отвори нова продавница во Њујорк, а на гала отворањето се појавиле бројни славни убавици.
Една дама дефинитивно го украла шоуто, покажувајќи нѝ ја моќта на сексапилот и самодовербата – Ешли Греам, која мамела погледи во разголено, провокативно издание.
Убавата 36-годишна плус-сајз манекенка пристигнала на настанот во долга, целосно проѕирна креација од светкава мрежа, под која носела сребрена долна облека.
Во овој провокативен фустан, Ешли го покажала секој центиметар од своето тело и бујните облини, не криејќи ги дури ни недостатоците кои многу дами би ги скриле. Но, славната бринета секогаш инсистира на самоприфаќање и славење на женското тело во сите негови фази и облици.
Греам го надополнила изданието со сребрени сандали и со многу парчиња гламурозен, блескав накит, а фризурата ѝ била собрана во висок реп. За потсетување, таа своевремено призна дека има повеќе од 95 килограми, но дека тоа не го дефинира нејзиниот стил на облекување.
Инаку оваа Американка неодамна ја откри тајната на среќниот брак со продуцентот Џастин Ервин со кој има 3 деца.
„Водете љубов, постојано! Дури и ако не сте расположени за тоа, имајте секс. Открив дека, кога немаме секс, стануваме нервозни, а кога имаме некако сме блиски и поврзани“, раскажала Ешли.