Сопругот на Каролина Гочева, ликовен уметник Михаил Корубин во четвртокот во галеријата МЦ во Њујорк имаше изложба на 15 големи платна во масло и акрилик , наречена “Gaze“ или поглед на македонски, . Покрај Каролина на отворањето на изложбата присуствуваа Македонци кои живеат и работат во Њујорк, како и њујорчани.
Меѓудругите чест на Корубин му направи македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев кој со години живее и работи во Њујорк, а беше еден од соработниците на Каролина која ја отпеа неговата песна „Зборови немам“.
Покрај него тука беше и стариот соработник на Дуке, македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски кој исто така дојде да му даде поддршка на уметникот Корубин.