По Рафаел Надал се очекува нова венчавка во тенискиот свет. Се работи за освојувачката на Вимблдон, Симона Халеп (28) чиј татко дал зелено светло за венчавка со 40-годишниот бизнисмен од македонско потекло Тони Јурук.
Стере Халеп побарал од младоженецот венчањето да го одложи за септември следната години, за да може неговата ќерка да ги одигра сите четири грен слем турнири. Но, Симона истакнала дека брачниот живот и е пред кариерата.
Инаку, Тони исто како и Симона е Македонец. Всушност тие се Аромани, а Власите со потекло од овие краишта во Романија ги нарекуваат Македонци. Во Романија традиција е овие “Македонци“ да не се мешаат со другите Власи и само меѓусебе да стапуваат во брак. Тони е милионер и е сопственик на неколку фирми. Откако се разведе тој е една година во врска со Симона.