Македонскиот пасош се наоѓа на 36-то место на листата на passportindex.org. на која се рангирани 199 пасоши. Со македонски пасош може да се патува во 77 земји без да ви е потребна виза, а во 41 земја виза ќе добиете по влегувањето. Виза за патување на граѓаните на Република Македонија им е потребна за дури 80 држави во светот.
Во однос на нашите соседи, македонскиот пасош е повисоко рангиран од пасошите на Црна Гора (37. место), Босна и Херцеговина (40. место), Албанија (42. место) и Косово (81. место). Словенечкиот пасош е на 7-мо место, хрватскиот на 11-то, додека српскиот, на 31-во место.
Инаку, пасошот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е најмоќниот пасош во светот и со него може да се патува безвизно во дури 113 земји. Второто место го делат Сингапур и Германија, а потоа следат Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Норвешка, Јужна Кореја, и САД.