Македонската глумица Симона Живковска ќе глуми заедно со холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон во филмот „Црната вдовица“ . Јохансон ја има главната улога во филмот чиј трејлер веќе се појави.
Симона видеото го сподели на „Твитер“ и откри дека е возбудена што филмот ќе почне наскоро да се прикажува во кината.
„Не можам да опишам колку сум возбудена и благодарна за ова што се случува. Нови снимки од ‘Црната вдовица’. Можете ли да ме видите?“ напиша Симона.
Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје на 24-ти јуни 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера.
Инаку, премиерата на филмот на продукцијата „Марвел“ – „Црната вдовица“ е закажана за 1-ви мај 2020.
“Family. Back together again.” Watch this brand-new special look at Marvel Studios’ #BlackWidow, in theaters May 1. pic.twitter.com/UbrJW7xfpZ
— Marvel Studios (@MarvelStudios) January 14, 2020