Македонката Соња Магденовска од Тетово е сопруга на холивудскиот актер и режисер Емилио Естеваз, брат на уште попопуларниот Чарли Шин, а син на славниот Мартин Шин.
Соња е израсната во Мичиген, се пресели во Јужна Калифорнија за да ја заврши магистерската теза за етнички прашања во татковината на нејзиното семејство, Македонија. Со Емилио се запознале сосема случајно на снимање на филм и од 2006 година се во брак. Претходно, Естеваз беше во брак со Пола Абдул, а кратко време беше верен со Деми Мур.
Соња и Емилио живеат во Малибу, Калифорнија. Интересно е за неа што стана производителка на квалитетно вино под етикетата Casa Dumetz Wines, можеби едно од најпродаваните во Америка.
Лозјето е навистина секси, навистина женствено. Целото овошје е навистина цветно и ароматично “, рече во една прилика Магденовска.
„Се заљубив во производство на вино и се за вљубив во процесот на изработка“.
Имаат голема винарија и огромни плантажи. Прави вино од четири различни сорти и се продаваат по цена од 25 до 35 долари.
„Емилио многу ми помага околу лозјето и тој е вљубен во оваа работа исто како и во филмовите“, вели Соња.
Таа во едно интервју за американските медиуми вели дека Емилио знае се за Македонија и дека ужива да слуша приказни од земјата на сопругата.