Според една британска студија која анализирала колку треба да потрошиме за патување по автопати, мостови и тунели, Французите имаат највисоки патарини во Европа, додека во земји како Финска, Естонија и Монако тие се бесплатни.
Како што пренесува „N1“, во Естонија патарина се плаќа само за возила потешки од 3,5 тони. Ако не сакате да трошите повеќе на патарини во Франција, Италија и Норвешка, ќе сакате да тргнете по споредни патишта.
На пример, ќе платите околу 3900 денариза патување од Париз до Марсеј на автопатот А6 / А7 (775 км). Италијанската рута од Милано до Неапол (773 км) чини 3774 денари, додека Норвешка е на трето место според цените на патарините.
Од Бодо до Осло треба да се издвојат околу 3248 денари. Како што стои во текстот Македонија е најисплатлива, односно од Петровац до Велес патарината е околу 150 динари (78 денари)
Кога станува збор за Србија, патарината од Суботица до Врање (531 км) за патнички возила е 1027 денари. Меѓу поевтините мостови е оној што ги поврзува Норвешка и Шведска и чини околу 131 денар, а патарината за „Great St Bernard“ во Швајцарија е околу 3.000 динари.
Според „Пун Куфер“, најевтини се тунелите Созина во Црна Гора и пристанишниот тунел во Даблин, Ирска.