Македонец уапсен во Грција: „Дивеел“ со 223 км/ч, кадешто било дозволено 110

by Тони Зографски

Грчки сообраќајци уапсија моторџија Македонец кој е фатен како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, јави локалната полиција.

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област на социјалните мрежи објавија фотографии  од радарот што ја регистрирал брзината и од моторот на уапсениот македонски државјанин. 

Неговата брзина била регистрирана од радарски уред на Тимот за контрола и спречување на сообраќајни несреќи при Одделот за сообраќајна полиција во Кукуш.

Државната телевизија ЕРТ објави дека му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

останати вести