Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ за прв човек на претставништвото во Загреб го именуваше д-р Дејан Лаковски. Тој во екот на пандемијата и кризата со испораката на вакцини ќе раководи со операциите на оваа британско-шведската компанија во Хрватска и во Босна и Херцеговина.
Лаковски доаѓа наместо Дамир Невјестиќ, кој беше шеф на компанијата во Загреб од 2012 година (од каде исто така го водеше бизнисот на компанијата во БиХ), а и пред тоа имаше долгогодишно искуство во фармацевтската индустрија , што тој започна да го стекнува во „Pliva“, објави хрватски „Лидер“.
Дејан Лаковски дипломирал медицина во Скопје, каде заработил и МБА од економија. Својата кариера ја започна во 2001 година во АЛКАЛОИД, работел и за HOFFMANN-LA ROCHE и SANDOZ, меѓу другите, главно во регионот. Тој доаѓа во Загреб од Софија, каде што го водеше бизнисот со германската фармацевтска групација STADA. Покрај Бугарија, тој беше задолжен и за деловно работење во Хрватска и Словенија.
Инаку, оваа смена се совпаѓа со сегашната криза со испорака на вакцини. Деновиве кулминираат обвинувањата против „АстраЗенека“ – во Европа и Хрватска за наводни смртни случаи по вакцинирањето.
.