Половина час се чекала Брзата помош да пристигне во Жена парк и да му помогне на човек кој без свест и со крваво лице лежел на земја, пренесува ТВ21.
Како што раскажуваат за телевизијата лицата што го пронашле онесвестениот маж, околу 16:50 часот како случајни минувачи во паркот спроти Парламентот, забележале лице како лежи на земја. Во 16:51 часот луѓето повикале Брза помош, но наместо итна интервенција од операторот добиле низа прашања: дали лицето е во алкохолизирана состоја, дали може некој да провери дали мириса на алкохол, дознава ТВ21.
Поради пандемијата, никој не можел да провери и да му се доближи на паднатиот човек.
Лицето лежело легнато на земја, со крв по лицето, на само 5 минути од Градската болница. Полциски службеници дошле по 10 минути, но откако сфатиле дека не можат да интервенираат и тие побарале медицинска помош.
Во меѓувреме мажот се освестил и иако тешко комуницирал, успеал на полицајците да им каже дека паднал сам и дека не бил нападнат.
Од првото пријавување до доаѓањето на Брзата помош поминале цели 30 минути иако болницата е на само 5 минути од паркот.