Тој за Слободен печат вели дека бил да се постриже кај сега починатиот фризер од Кочани на 23 март. Откако дознал дека фризерот е позитивен на коронавирус, веднаш закажал два термини за тестирање, најнапред во приватната клиника Систина, а потоа во приватната клиника Филип Втори.

-Многу луѓе таму си одиме на шишање со години. Од каде да знам дека можело да биде позитивен? Бог да го прости човекот. И видете сега, тоа не е за криење, ние дури на 1 април разбравме дека е позитивен на тестот. Истиот ден на први април се ставив во изолација сосе цела фамилија. Не одев на работа, почнав да вртам на телефоните. Најбрзиот рок ми беше во Систина. И отидовме со жена ми и на двајцата резултатот ни беше негативен. Во исто време ѕвонев и во Филип Втори и тие ми закажаа.

Во меѓувреме матичната лекарка на градоначалниот Крстев, Јасминка Ајтовска ги повика сите жители на општината да се јават кај своите матични лекари.

– Секој кој во последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината..да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника.заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда, кои се без симптоми, истакна Ајтовска.

Градоначалникот Крстев порача дека не треба да се создаваат паника и негативни ставови во јавноста за него и членовите на неговото семејство, ниту пак за кој било друг граѓанин кој е позитивен на коронавирусот.