Во Трговскиот центар во Кочани вчера точно напладне се самозапали 46-годишен маж. Според кочанци кои биле сведоци на настанот лицето пред да се самозапали не кажал ништо како протест.
Од кочанскиот Центар за социјални работи велат дека ова лице не е корисник на социјална помош, а кочанци велат дека има семејство, но изминатите години го имаат забележано, како по улиците оди безцелно. Полицијата врши увид на лице место.
Инаку, очевидците на настанот, кои седеле во околните кафулиња велат дека лицето се полеало со бенизин, по што извадило запалка и се запалило.
Граѓаните веднаш излегле и со помош на противпожарни апарати од кафулињата и дуќаните го изгаснале пламенот. 46 годишниот маж веднаш бил однесен во кочанската болница, но поради тешките изгореници е веднаш хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.