ЗАБОРАВЕТЕ ги кремите против стареење. ТикТокерот Шејн Стерлинг тврди дека тајната за младешки изглед е во исхраната. Овој човек вели дека има 50. години и изгледа како млад човек. Затоа, не е чудно што многумина се заинтересирани на што тоа се должи.
„Јадам растителна храна веќе 33 години. Веган сум 18. години, сиров веган пет години“, споделил тој. Со други зборови, пет години не јаде ништо варено.
„Престанав да јадам месо, леб, јајца, овес, компири, масло од семки, шеќер, млечни производи и житарки. Поради тоа изгледам и се чувствувам многу подобро“, истакнува тој.
Ако сепак се прашувате што јаде, одговорот е – сите зеленчуци и овошја што можете да ги замислите.
Освен тоа, Шејн на скептиците им вели дека таквата исхрана ќе функционира за секого: „Сите сме биолошки идентични. Ако не функционира, тоа е од психолошки причини“.
На оние кои веруваат дека најдолговечни луѓе се оние кои ја следат медитеранската исхрана, овој човек им одговара дека тоа не е точно. Според него, племето Хунза е најдолговечната култура, а нивната исхрана е 95 до 99 отсто веганска и главно се базира на сирово овошје.
Извор: index.hr