Маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт на кој специјални гости ќе бидат македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб. Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.
Македонскиот пијанист со светско реноме, Трпчески, е верен навивач на нашата фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 ја сподели со фотографии од трибините на Националната арената во Букурешт преку својот Твитер профил.
Македонија утре со почеток од 15 часот на националната арена во Букурешт против Украина го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020.
Comments are closed.