Мадона падна за време на настапот на нејзината прославена турнеја во арената Climate Pledge во Сиетл, но брзо се снајде.
Таа седна на стол како дел од кореографијата за Open Your Heart. Додека танчерот го влечеше столот кон главната бина, се лизна и Мадона падна. Но, штом заврши на подот, Мадона успеа како токму тоа да го сака, се сврте на стомак и продолжи да пее. Видеото се прошири на социјалните мрежи.
„Никој ништо не може да и каже бидејќи тоа го правеше како кралица“, коментираат обожавателите.