Мадона која има 61 година е во врска со момче кое може да и биде син. Се работи за 26-годишниот танчер Ахламалик Вилијамс кој е само три години повозрасен од нејзината ќерка Лурдес. Таа со него се појави прегрната на балконот на хотел во Мајами. Тој ја придружува Мадона на сите нејзини настапи како дел од турнејата на „Мадам Х“ во САД.
Гласините за новата љубов започнаа во јуни оваа година, откако Мадона на Инстаграм објави видео на кое Ахламалик си игра со неа и се гледа дека се многу блиски.
Инаку,Мадона има долга историја со нејзините помлади танчари, а наводно, пријателите ја советувале да се фокусира на постари момци ако сака сериозна врска.