Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена го избраа Монте Карло за место каде ќе го најдат својот мир и мирот на своето семејство. Како што пишува курир.рс, просторот во станот во една од најлуксузни згради во кнежевството Новак сам го осмислил, а дизајнерите и архитектите му ги исполниле неговите желби.
Инаку, познато е дека Ѓоковиќ инвестира многу во недвижнини. Лани, за пола милион евра купи стан во зградата позната како “паметна зграда“ во Белград. Пентхаусот содржи три соби, три купатила и тераса.
Пред некоа година Новак купи двособен стан на Менхетен, а лани и стан на Мајами, во најелитниот стамбен кмплекс “Ејти севен парк“. Зградите во Њујорк и Мајами ги проектираше ист човек, италијанскиот архитект Ренцо Пијано.
https://www.instagram.com/p/BgCB6R6DCz3/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/BBlTxsioFiw/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Српскиот тенисер сепак најмногу време поминува во станот во Монте Карло кој се наоѓа во една од најпрестижните локаци на кнежеството.