Лице со посебни потреби на околу 40 години возраст синоќа било оставено на клупа на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје, откако со неуспех завршиле обидите тој да биде однесен на четвртиот кат во неговиот дом, објави „Телма“.
Пациентот претходно имал лекарска интервенција, а кога го вратиле назад, болничарите и соседите не успеале да го вратат дома и го оставиле на клупата.
Граѓаните велат дека морале да повикаат и полиција, од каде на Брзата помош и наложиле да дојде со носилка и да го решат случајот.